сабота, 2 мај 2026

Пол Шапиро: Фактите за прогонот на Евреите од Македонија не можат да се сменат

Објавено на

часот

Сподели

Во разговор за МИА, Шапиро вели дека секоја земја поминувала периоди кога покажувала дека прифаќа или отфрла да се биде искрен во својата спремност да се соочи со фактите за Холокаустот.

„Едно нешто во кое сите треба да сме сигурни е дека фактите не можат да се сменат. Многу е важно да се има чист запис за фактите, до оној степен до кој ќе можеме да кажеме дека ги знаеме. Во врска со тоа што се случило во Македонија, сега Северна Македонија, постои фактичка многу добро документирана и достапна информација. Тие факти не можат да се променат. Сѐ што може да се менува е спремноста да се учи од нив и одбивањето да се учи од нив“, изјавил Шапиро, одговарајќи на прашањето за барањето од Бугарија да бидат променети или отстранети спомен плочи и споменици со кои обележува прогонот на македонските Евреи за време на Втората светска војна.

Коментирајќи дека многу тешко е соочувањето со настаните околу Холокаустот насекаде низ Европа , тоа е така не само за вашата земја и Бугарија, туку насекаде низ Европа, додава дека има желба да се негира или да се деформира или да се промени историјата, и дека тоа обично се прави од политички цели, но, „не смее да биде направено“.

„Не сум навлезен толку многу во деталите за тоа што бара Бугарија, но ги знам фактите. А фактите се факти и тие не можат да бидат променети. Минатото не може да се промени, а може само да се научи нешто од него и врз основа на тоа да се промени иднината. Тоа е нешто во кое ние ги посветуваме нашите животи, во чесно истражување, во чесно студирање на минатото, за да извршиме позитивно влијание врз иднината“, вели Шапиро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ