вторник, 5 мај 2026

Пендаровски за оставката на Заев ќе чека официјално известување од Џафери

Објавено на

часот

Сподели

Кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка, Пендаровски, како што велат оттаму во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за состав на Влада на партијата или партиите коишто имаат мнозинство во Собранието.

Според процедурата, Зоран Заев за оставката треба да го информира Собранието, односно претседателот Талат Џафери, а Џафери веднаш со писмо да го извести претседателот Пендаровски дека премиерот поднел оставка. И од тој момент почнуваат да течат законските десет дена во кои претседателот треба да го даде мандатот за состав на нова влада на партиите или партијата која има мнозинство во Собранието.

Од кабинетот додаваат дека „претседателот како и досега во своите постапки ќе се води согласно установеното толкување на уставната норма во праксата во изминатите три децении“.

Според член 219 од Деловникот на Собранието, „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Во Собранието, според информациите оттаму, досега не е стигната оставката од Заев, а на денешната координативна средба кај Џафери воопшто не станало збор за следните чекори што би следувале по синоќешната изјава на Заев дека поднесува оставка од премиерската функција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ