петок, 8 мај 2026

Пендаровски: Со љубов и толеранција да градиме хармонија во домот и општеството

Објавено на

часот

Сподели

Во честитката од претседателот Пендаровски се вели:

„Почитувани сограѓани,

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ и да ви посакам празникот на Христовото Раѓање да го поминете пред сѐ во добро здравје, во радост и во среќа.

Празникот на Христовото Раѓање, Божиќ, нѐ потсетува дека мирот и радоста, љубовта и заедништвото, разбирањето и дарувањето се наши најголеми вредности. Да продолжиме безрезервно да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот, заедницата и во целото општество.

Нека големиот празник нѝ даде дополнителна енергија да се соочиме со сите неволји и искушенија и нека нѐ инспирира на благородност, добродетелство, солидарност и заедништво. Со искрена верба и со длабока самодоверба да креираме успех и благосостојба.

Христос се роди“!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ