недела, 3 мај 2026

Пендаровски-Мицотакис: Натамошно зајакнување на економската соработка

Објавено на

часот

Сподели

На средбата соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи при што беше оценето дека официјалната посета на највисоко ниво означува важен момент во развојот на односите меѓу двете држави, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.

„Претседателот Пендаровски оцени дека постои видно подобрување на билатералните односи меѓу двете држави по потпишувањето на Преспанскиот договор, со потенцијал за натамошно зајакнување на соработката во секое поле од взаемен интерес.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека треба да се искористи целиот потенцијал и двете држави да градат вистинско стратешко партнерство.

Соговорниците на средбата разговараа за можностите за натамошно зајакнување на економската соработка, при што беше изразено задоволство од трендот на зголемување на трговската размена. Претседателот Пендаровски изрази уверување дека економската соработка треба да биде темелот на односите меѓу двете држави, имајќи ги предвид придобивките за економиите на двете страни. Во таа насока, беше истакната потребата за натамошен развој на инфраструктурното поврзување меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната поддршка што Хеленската Република ја дава за апсирациите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, оценувајќи дека деблокадата на процесот ќе придонесе за стабилноста и напредокот на целиот регион“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ