„Директорот на ДЗС изјави: ‘…со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата…’ Што значи ова? Знае ли што кажува? Не знае колку одбиле да се попишат, ама сите се целосно опфатени?! Да го потсетам единица на попис им беа државјаните! Не знам дали знае, но најсигурно е дека денес затворија нешто што ќе треба наскоро да го отворат и да видат со што го наполниле. Единствено е сигурно – сега за сега – дека собрале 1.832.696 ЕМБГ. Така барем денес ја информираа јавноста“, напиша Новковска.
Во Македонија се попишани 1,8 милиони лица, а 204.000 се самопопишале, во дијаспората, така барем нѐ информираа. „Ама заборавија да кажат дека намерно не предвидоа контролни механизми и оставија отворен простор за двојно попишување. Најавуваа ЕП (електронски попис), а спроведуваат ЕМБГ попис. Турбо собирање ЕМБГ, дупло попишување и овде и таму. Се чудев зошто европските земји си молчат за дуплото попишување, па ми текна дека за нив се тоа ситни дупликати, ама за нас се крупни последици“, напиша доц. д-р Благица Новковска.






