четврток, 7 мај 2026

Новинарски здруженија од регионот: Новинарите да се третираат како службени лица

Објавено на

часот

Сподели

На првата ваква конференција во регионот на која учествуваа претставници на новинарските здруженија од Македонија, Црна Гора, БиХ и Србија свои обраќања, освен Џафери, обраќања имаа и претседателот на Собранието на Црна Гора Алекса Бечиќ, потпретседателот на српскиот Парламент, Радован Тврдишиќ и претставникот на Собранието на БиХ, Лазар Продановиќ.

Џафери рече дека е донесена одлука оваа конференција да биде трајна и ротирачка на годишно ниво, по редослед што дополнително ќе се одреди.

„Впрочем, од претходниот мандат и од овој, мојата определба како претседател на Собрaнието било и ќе биде дека ова е дом на граѓаните и дека треба да направиме се тоа и во пракса да се реализира, дали преку медиумите, дали преку лична комуникација. Таа поддршка ја имам од сите пратенички групи во Собранието и ќе настојувам тоа да биде така“, изјави Џафери.

На регионалната конференција беше потпишана заедничка Декларација со напомена дека овој состав во наредниот состав треба да се прошири со Албанија и Косово.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Младен Чадиковски истакна дека овие напори што сега се преземаат со четирите земји се во насока на тоа да се држат институциите будни секогаш и постојано.

„Да не заборавиме никогаш колку е важно слободната мисла за фунционирањето и на парламентите и на медиумите, а со тоа и едните и другите да можат да ја остваруваат фунцијата за која што постојат, а таа е верно да им служат на граѓаните секој во својата дејност. Пратениците да си ја земат во свои раце моќта што ја поседуваат за да може да креираат добри закони во функција на добри јавни политики, а ние медиумите на најдобар можен начин да бидеме чувари на демократијата и да можеме слободно и непристрасно да известуаме и за сите и проблеми и малформации во општествата во кои живееме бидејќи нашата основна функција е да бидеме добронамерен критичар на секоја влада и на секоја власт за да можеме работите да ги менуваме на подобро“, рече Чадиковски.

Чадиковски очекува многу скоро да бидат изгласани измените на Кривичниот законик со кои нападите врз новинари ќе се гонат по службена должност, практично како да се тоа напади врз службени лица.

„Тоа во многу ќе ја олесни работата на обвинителствата и судовите во однос на нападите врз новинарите односно ќе ја намали неказнивоста на насилниците. Ова е прашање кое е важно и во другите земји кои се тука присустни. Со нив исто така разговаравме. И се надеваме дека ова е една унифицирана законска регулатива која ќе придонесе за намалување на нападите врз новинарите. Солидарноста во новинарскиот свет е многу значајна и токму заради тоа решивме и функционираме на ваков начин ние и здруженијата на новинарите од Западен Балкан“, рече Чадиковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ