недела, 3 мај 2026

Мурсели: Касарната во Тетово ќе стане парк

Објавено на

часот

Сподели

Негпвата иизборна програма предвидува повеќе аспекти за подобра инфраструктура во градот со ставање акцент на потребата од повеќе зеленило во градот.

„Градската касарна е едно од ретките места каде што остана зеленило, недопрено од урбаната мафија на претходното раководство. Оваа област ќе ја претвориме во градски парк и центар на заедницата која ќе служи на градот. Постојните објекти ќе се пренаменат во простор за пензонерите, младите, спортови како шах, пинг-понг, спортски академии, канцеларии, градинка и слично. Ќе се разгледа можноста за основање на некои институции“, рече Мурсели.

Дел од програмата презентираа и кандидите за советници предводени од носителот Музафер Етеми.

„Предвидени се инвестиции во инфрасктруктурата во секоја населба и во стариот дел од градот. Реставрација на стариот дел од градот, репланирање на плоштадот, нови капацитети за планирање, продолжување на неколку булевари и друго“, рече Етеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ