среда, 6 мај 2026

Можни се сите опции, ДУИ го овласти Ахмети да разговара со сите партии

Објавено на

часот

Сподели

Ова е заклучокот на Генералниот совет на ДУИ по развојот на настаните на политичката сцена и најавеното формирано ново собраниско мнозинство. Од партијата велат дека на денешниот состанок на највисокото тело првично било разговарано за интересите на граѓаните и на државата. Продолжувањето на евроатланскиот курс на државата е без алтернатива и реализацијата на важните проекти, заклучи ДУИ.

Ахмети доби овластување да разговара со сите политички партии за да се задржи овој прогресивен пат и овој евроатлански курс на државата. Лидерот Али Ахмети изјави дека не е загрижен од случувањата со опозицијата и истакна дека е лажна информација дека пратеници на ДУИ ќе бидат дел од новото парламентарно мнозинство.

Од ДУИ велат дека сите опции се на маса за решавање на ситуацијата во која се наоѓа државата по локалните избори и нивните анализи и разговори продолжуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ