среда, 6 мај 2026

МНР се пофали и подготви изјави на задоволни лица кои добиле пасош во конзулатот во Њу Џерси

Објавено на

часот

Сподели

„Од постоењето на Конзулатот, во 1998 година, првпат нашите државјани кои што живеат на конзуларното подрачје на овој Конзулат, имаат прилика да добијат патни исправи на најбрз можен начин. Порано за патните исправи се чекаше по шест, па дури и по девет месеци. Сега патните исправи ги добиваат за месец дена, и тоа во голема мерка им ги олеснува патувањата на нашите државјани“, изјави генералниот конзул, Јордан Панев.

МНР пренесува и изјави на македонски државјани:

„Процесот беше многу полесен отколку што очекував. Завршив работа за само 30 минути, сите беа многу корисни. Ми кажаа дека новиот процес е многу поефикасен од стариот и со тоа сум 100 отсто согласен“.

„Се е совршено. Завршив за половина час, што мислам дека е многу добро. Од почетокот на процесот до крајот имав толку прекрасно искуство, што им предлагам на сите што треба да дојдат во Конзулатот. Дојдете направете го тоа, бидејќи е многу убаво искуство“.

„Сите работат овде.Тие се многу добри луѓе. Ви земат отпечатоци од прсти, ве сликаат, ви помагаат да ги пополните документите. Ако треба да го обновите пасошот, направете го тоа веднаш“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ