Стоев претходно денеска ја пречека македонската владина делегација во болницата „Пирогов“ во Софија, каде ги посетија настраданите во тешката сообраќајна несреќа. За состојбата на пациентите и грижата за нив информираше директорот на болницата проф. Иван Поромански.
Како што стои во соопштението, Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Бугарија во Скопје се во постојан контакт со македонското МНР и со нејзиното дипломатско претставништво во Софија.
Од надлежните бугарски институции е побарано да се обезбеди приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставници на медиумите од земјава со оглед на хуманитарниот аспект на случајот.
Бугарското Министерство во рамките на своите надлежности дава помош и на тим лекари од судска медицина, како и на вработени во македонското МНР.






