петок, 8 мај 2026

МНР апелира македонските граѓани во Казахстан да останат на безбедни места

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека согласно остварените комуникации со дел од македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Казахстан, тие се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен.

„Министерството за надворешни работи продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Северна Македонија во Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за нашите граѓани. Истовремено апелираме до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации. За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратите на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во Министерството за надворешни работи. За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно“, се вели во соопштението на македонското МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ