недела, 3 мај 2026

Милошоски не попушта: Ако Фрчкоски замине во ОН, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада веднаш ќе го вратиме

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе направам сѐ што е можно согласно Деловникот. Дали тоа ќе биде закажување на седницата и нејзино долго траење, дачи ќе бидат долги говори на седницата или пак, нејзино незакажување… сѐ она што на Собранито му стои како алатка да биде контролен механизам на власта”, вели Милошоски.  

Тој уште еднаш повтори дека власта има лошо решение за амбасадор во ОН, а тоа е човек кој еднашм веројатно од сериозни причини, бил одбиен од Вашингтон. 

На прашањето што ако сепак бид епотпишано решението за заминување на Фрчкоски, Милошоски вели дека ако претседателот, премиерот или министерот за надворешни работи потпише такво решение, тогаш ВМРО-ДПМНЕ при формирањето на следната влада прва рабпта што ќе ја направи ќе биде да го врати Фрчкоски во Скопје. 

Според Милошоски, заминувањето на Фрчкоски во Њујорк би било спротивно на сите дипломатски правила, а изнесувањето тези од страна на амбасадорите пред Комисијата, вели, е законска обврска.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ