понеделник, 4 мај 2026

Мицкоски: Вратата на ВМРО-ДПМНЕ е широко отворена и за Левица

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски информираше дека  е подадена рака и кон Левица и оти остава тие да одлучат.

„Нашата рака е подадена, оставам тие да изберат каква сакаат соработка со блокот дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам нека одлучат тие. Протесните гласови, гласовите против коалицијата на власт се во поголем број и се најмалку два пати поголеми од оние кои ја поддржуваат коалицијата на СДСМ. Затоа местото на гласачите на Левица е во најголемата коалиција и ги повикувам да дадат поддршка за да ја направиме Македонија пристојно место за живеење“, рече Мицкоски. 

Тој рече дека во текот на вчерашниот ден разговарал со Африм Гаши и го поканил да биде дел од новото мнозинство во општините каде ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат мнозинство.

„Утре ќе се видам и со Зијадин Села. Дополнително ги повикувам сите да се приклучат во оваа најголема коалиција и да работиме со и за народот“, заклучи Мицкоски.

Според него мора да се вратиме енергијата кон народот, а тоа може само со работа и без корупција.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска на својот фејсбук-профил со цитат од Фидел Кастро упати порака дена нема да коалицира со партии кои имаат дамки во своето работење.

„Првата политичка партија во која учествувал Кастро е партијата Ортодоксо. Тогаш освојуваат само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. Ставот на младиот стратег Фидел е: „Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“, напиша Апасиев.

Ова може да се толкува и како одговор на вчерашниот повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за обединување на опозицијата за уривање на власта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ