Мицкоски во контекст на критиката кон министерот за здравство, рече дека „мора да се знае кој е виновен и да се одговара за злоделото што се случи во Тетово, односно горењето на модуларната болница“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека локалните не се обични избори, туку дека на нив се одлучува во која насока ќе се движи државата.

„Вие ќе одлучувате дали политиката ќе продолжи по оваа погрешната,на Заев, полна со корупција, криминал, предавства или, ќе избереме патека на иднината предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде патека на реформи, визија, стратегија, иднина, патека на вистината, патека по која ќе има и одговорност, не само морална и политичка, туку и кривична“, рече Мицкоски.
Тој упати порака и до Вулент Мурсели, кандидат за градоначалник од Алијанса за Албанците/Алтернатива, кој беше присутен на митингот на градскиот плоштад:
„Заедничкиот патриотизам на 21 век е да ја победиме заедничката мака, да создадеме заедничка иднина, да се разбираме едни со други, да покажеме дека ние политичарите ги немаме гласовите во џеб туку дека треба да работиме за да ја заслужиме довербата од граѓаните“.






