среда, 6 мај 2026

Мицкоски не коментира за оставка на Заев, вели дека многупати рекол па порекол

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање што мисли кој ќе го замени Заев на функциите, Мицкоски рече дека самиот Заев брифирал некои новинари дека тој што седел до него на средбата со lлидерот на Алтернатива Африм Гаши ќе бил нов мандатар, а тоа е заменик министерот за финансии Ковачевски.

На 12 декември во ВМРО-ДПМНЕ ќе се избира претседател на партијата, информрира Мицкоски и рече дека секој што сака може да се пријави за избор на претседател на партијата.

Тој ја повика Бугарија да направи чекор напред и да не ја блокира евроинтеграцијата на Македонија, затоа што, рече, македонскиот народ и сите граѓани не го заслужуваат тоа.

Тој повторно се осврна на енергетската криза и рече дека станува збор за неспособна Влада која веќе ги потроши парите за капитални проекти за набавки на струја, а дека пари од граѓаните ќе одат, како што нагласи, во џебовите на претставници на власта.

Мицкоски оцени дека инфлација веќе има што се гледа и од пораст на цени на основни продукти и смета дека инфлацијата ќе се зголемува.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска е во Охрид каде заедно со новиот градоначалник од редовите на партијата, Кирил Пецаков промовира локални проекти.

Eден од тие проекти е „изградба на булеварот ‘Македонски просветители’ кој што документационо беше завршен во изминатиот период“, рече Пецаков.

„Во моментов само ќе тендерираме уште две работи кои што не беа завршени по однос на документација и бидејќи проектот ќе биде во изградба, односно рокот е шест месеци, тековно ќе ги средиме документите и самиот тендер за осветлување. Така ќе имаме комплетно булеварско решение со двонасочна велосипедска патека, две пешачки патеки и две коловозни ленти кои што ќе се движат во двате насоки“, рече Пецаков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ