понеделник, 4 мај 2026

Мицкоски: Јас ви говорам за нов заеднички патриотизам каде рака за рака ќе ја создаваме заедничката иднина

Објавено на

часот

Сподели

„Јас ви говорам за нов заеднички патриотизам каде рака за рака и од левата и од десната страна на градот ќе ја создаваме заедничката иднина, без предрасуди и со заедничко почитување. Ја ви говорам за нов заеднички патриотизам каде ривалството во политиката ќе биде за тоа колку економски повеќе ќе ја напреднеме Македонија и колку повеќе проблеми ќе решиме заедно.Новиот заеднички патриотизам ќе биде кога нема да си играат властите со животите на луѓето и кога за грешките ќе има одговорност. Не смееме нашата иднина да бидат болници кои горат или болници кои прокиснуваат. Светот оди напред, а нас животот ни поминува во чекалница во која никој не покажува кој е патот. Патот кој треба да го минуваме е пат поплочен си силни предизвици но и со нашата мудрост и заедничка сила ќе го поминеме заедно“, истакна Мицкоски.

Нашиот заеднички патриотизам е кога на државата и на секој нејзин човек ќе му понудиме иднина. Иднина во Европа, иднина на силен стандард. Сонот за Европа е сон за добар живот а тоа парче среќа го заслужува нашата заедничка Македонија. Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот, кој неминовно ќе се случи. Затоа што на сите нас заедно желбата и вербата ни се силни, затоа што веруваме во заедничка иднина, затоа што сите заедно гледаме дека ова што се случува мора да се промени и дека силата и клучот е во сите нас, вели тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ