Мицкоски на средбата ја истакнал својата загриженост за економската состојба и енергетската криза чии последици од неадекватното управување на политиките се крши на грбот на граѓаните.
„Владата нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и дека недостатокот на кредибилитет за носење одлуки ја наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од кризата и ресетирање на општеството”, кажал Мицкоски.
Тој ја потврдил заложбата државата да добие датум за преговори и покрај фактот што Владата не испорачала резултати во борбата со криминалот и корупцијата. „Македонија не смее повеќе да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и да биде жртва на спорот со Бугарија создаден во време на оваа влада. Секое решение на тој спор треба да биде во рамките на усвоената резолуција во македонското собрание која беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, а прифатена од парламентарното мнозинство и која во себе ги соддржи црвените линии на македонската држава”, порачал Мицкоски.






