среда, 6 мај 2026

Мицевски му нуди на Реџепи нова иницијатива за недоверба на Владата со 19 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, без Левица

Објавено на

часот

Сподели

„Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада! Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско собрание.

Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ“, пишува Мицевски.

Ваквиот предлог Мицевски го објаснува со тоа да немало изговори зошто се потпишал овој или оној „бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ“.

„Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското собрание.

Одлуката овој пат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина“, пишува Мицевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ