понеделник, 4 мај 2026

Максим Димитриевски: Веќе подолго време ме следи полицијата на Оливер Спасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе подолг период сум следен од од возило на Министерството за внатрешни работи. Денеска, одејќи на преглед на матичен лекар, земени ми се документоте од полицаец без никакво образложение. Претходно возилото на МВР беше возено од возачот на началникот на СВР Куманово Стојанчо Величковиќ. Нека му служи на честа и на господинот министер, а нека му служи на честа и на мојот поранешен другар, бидејќи ова не личи на ништо. Ваква тортура не се правела никогаш во македонската јавност.

Повторно граѓаните на Куманово ќе победат, поради ваквите недемократски принципи кои се спроведуваат. Потенцирам, снимам на јавно место, се снимам, за да нема никакви обвиненија дека сум снимал. Ова е срам за македонската демократија, срам за Оливер Спасовски. Еве како изгледа сообраќајот на оваа улица. Ова е врв на достигнувањата на МВРО кое отиде на квадрат. Ако мислите дека граѓаните ќе го поддржат ваквото дејство и самовластие на поединци од власта кои го узурпираа системот во државата, тогаш нека ви служи на честа“, вели во видеото Максим Димитриевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ