Внимателно го слушаме гласот на граѓаните и работиме заеднички за мое, за твое и за наше Куманово, вели Димитриевски.
„И денешниот ден го поминавме меѓу граѓаните. Го посетивме пазарот во Долно Којнаре каде заедно со носителката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевска, поделивме промотивен материјал. Разговарав со жителите и заеднички разменивме размислувања за подобрување на квалитетот на живот. Им се заблагодарив за поддршката, во мене тие имаат голем пријател кој ќе направи сè за унапредување и подобар живот за наше Куманово“, порача Димитриевски.






