петок, 8 мај 2026

Македонија е братска, ама „го фалсификува бугарското милениумско наследство“, вели Радев

Објавено на

часот

Сподели

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и особено на братска Република Северна Македонија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев, на новинарски прашања, а пренесе МИА од Софија.

Радев рече дека верува оти сите ветувања и заложби на Република Северна Македонија за спроведување на билатералниот договор ќе бидат исполнети со цел да се забрза процесот на нејзината европска интеграција.

Сепак, Радев, паралелно со тоа, изрази очекување дека „ќе се решат сите отворени прашања, како што се гарантирањето на уставните гаранции за правата на македонските Бугари, откажувањето од говорот на омраза, завршувањето на процесите на дебугаризација, на фалсификувањето на милениумско културно-историско наследство, што ќе помогнат и ќе го забрзаат процесот за да можеме да ја отвориме вратата за преговори за членство на земјата”.

Сооред Радев, евроингтеграцискиот процес ќе зависи од индивидуалниот напредок и исполнувањето на копенхашките критериуми за членство од страна на сите земји кандидати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ