недела, 3 мај 2026

Кузеска: Арсовска нуди веќе реализирани проекти на Шилегов

Објавено на

часот

Сподели

„Скопјани многу добро знаат дека криминалните инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ го уништија зеленилото во центарот на Скопје, криминалните урбанистички планови го бетонизираа главниот град, а трагите од криминалното узурпирање на Водно се видливи за секој што има очи да ги види. Сега, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да им ги замачка очите на Скопјани со понуда од „независна“ кандидатка „За модерно Скопје“, но залудно. Тие до толку се безидејни што преку кандидатката која ја поддржуваат, нудат програма со веќе реализирани проекти.

Еве неколку примери – Ветувањето на Данела Арсовска за „продолжување на булевар Борис Трајковски до Драчево“ веќе се реализира. Ветувањето за „отпочнување на изградба на булеварот Хрватска“ исто така се реализира – завршена е градежната документација и моментално се работи на дислокација на енергетските инсталации на МЕПСО и на ЕВН. За ветувањето за „продолжување на булевар Словенија“, градот Скопје веќе ги отворил понудите. Во програмата ветен е проект за решавање на сообраќајниот хаос кај „Мавровка“, а веќе се работи студијата за овој проект во Град Скопје… ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска немаат што ново да им понудат на Скопјани, освен минхаузеновски проекти за бесплатен јавен превоз со 250 електрични автобуси што како ветување може да се спореди само популистизмот на Груевски преку Субрата Рој. ВМРО ДПМНЕ не се менува кого и да поддржува. Затоа и за овие локални избори ќе чека уште еден пораз, бидејќи граѓаните знаат са препознаат празни и лажни ветувања, украдени програми и популизам“, изјави Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ