среда, 6 мај 2026

Купчан: Бајден да ја потсети ЕУ да изврши притисок врз Софија за деблокада на евроинтеграциите

Објавено на

часот

Сподели

Според него, за конечно да се решат недоразбирањата со Софија и Северна Македонија и Албанија да започнат преговори за влез во ЕУ, потребно е Бугарија и останатите влади во регионот силно да се посветат на демократски реформи и борба со корупцијата.

„И Бугарија и Северна Македонија треба да завршат огромна работа дома. Да извршат демократски реформи, борба со корупцијата, да се ослободат од економијата на патрони, да го подобрат квалитетот на независните медиуми и многу друго. Бугарија и Северна Македонија, како и другите земји во регионот, треба да го трошат целото свое време и енергија на реформи и привлекување инвестиции за подобување на животите на нивните граѓани. Да се навлегува во спорови за јазикот и историјата е непотребно и контрапродуктивно одвлекување на вниманието, всушност затоа и се употребува таа реторика, вниманието на јавноста да се одвлече од пропустите на власта која не си ја врши работата. Ги охрабрвам сите влади во регионот, вклучително и онаа на Бугарија, да престанат да играат историски и националистички игри, и да започнат со тешката работа за демократски развој и домашни реформи“, вели професорот во интервју за МИА.

Купчан е професор на Универзитет Џорџтаун, и добар познавач на приликите во постсоветскиот и балканскиот регион. Тој беше ангажиран како советник за европски прашања во Националниот совет за безбедност при администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

„За жал, Бугарите започнаа да играат на националистички карти. Со оглед на политичката нестабилност во Бугарија, некои политичари таму посегнаа по националистичка реторика и така се позиционираа. Но ова не е за изненадување, посебно на Балканот каде политичкиот натпревар многу често ја засилува националистичката реторика. Прашањето за македонскиот јазик и културата, дали јазикот бил западнобугарски или дали е посебен, е дебата која покренува политички одгласок, но тоа прашање е целосно несоодветно и контрапродуктивно. Да се задржуваат преговорите за влез на Северна Македонија, а со тоа и на Албанија, во ЕУ, а заради некакви историски прашања?! Таа страна која треба да постави доволен притисок врз Софија всушност е ЕУ. Но треба да бидеме искрени, со оглед на тоа што се случува во такви земји како Полска и Унгарија, Брисел се соочува со тешкотии во дисциплинирање на земјите членки кои заземаат некакви антилиберални или националистички насоки. Администрацијата на Бајден ја охрабрувам да продолжи да го истакнува ова, и ја охрабрувам ЕУ, која е најодговорна страна во случајот, да даде до знаење до Софија дека вакви политички игри се недобредојдени“, вели професорот.

Според него, договорот што сегашната Влада во Скопје го направи со Грција му дава морална обвсрка на премиерот Зоран Заев да продложи со започнатиот курс. Тој договор е големо остварување, голем исчекор напред, и затоа, нагласува Купчан, противењето на Бугарија и ставање сопки на патот на Северна Македонија кон ЕУ е дотолку повеќе за жалење.

„Да бидеме искрени, целата ситуација излезе дека е најтешка за Македонија. Иако таа се раздели релативно мирно од поранешна Југославија, стоеше долго во чекалната на повеќе меѓународни тела поради проблемот со името на земјата. Решавањето на прашањето за името побаруваше компромиси и политички жртви. И тоа беше вистинки исчекор напред, за што ми се чини дека соседите и партнерите во НАТО и во ЕУ треба да ѝ дадат голема поддршка на Северна Македонија“, нагласува Куплан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ