Вчера Централниот одбор на СДСМ одлучи утре да ги распише внатрепартиските избори за избор на претседател кои ќе се одржат на 12 декември. Изборите за прв човек во партијата се одржуваат со непосредно гласање.
Ковачевски е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите. Тој е доктор на економски науки и вонреден професор на Американ Колеџ, кој во својата кариера бил на директорски позиции во Телеком и Оне Вип Македонија.






