Нухиу вчера потврди за МИА дека денеска ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но демантираше дека е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.
Салаху во изјавата за медиумите рече дека е нормално како претставник на косовската Влада да се интересира за косовски државјани и дека сакал да разговара со раководството на затворот во Идризово за условите во кои живеаат затворениците.
Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, меѓу другите точки за влез на Алтернатива во Владата, договорија и меѓународен мониторинг на случаите „Диво Насеље”, „Монструм”, „Алфа”, „Алмир Алиу”.






