среда, 6 мај 2026

Јакимовски во улога на инспектор ги искара работниците на терен: Кој ти дозволи да копаш? Стопирај веднаш!

Објавено на

часот

Сподели

Јакимовски: Гледаш дека е нова улица ова. Кој ти дозволи да копаш?

Соговорник: Не е нова, гледаш дека е распукана. Од Урбанизам ни кажаа, таму е целата документација.

Јакимовски: Дали имаш во тебе било каков документ?

Соговорник: Кај мене? Имам одобрение и јас вакво однесување не заслужувам.

Јакимовски: Да копаш улици?

По ова работникот му објаснува на Јакимовски дека работи, на што тој му возвраќа :

Дали имаш дозвола за копање на улици? Значи стопирај веднаш ова!

Соговорник: Дали мислите дека јас, што работам 20 години во општина, знаете и самиот, ќе дојдам овде и ќе земам машина и ќе копам? Од урбанизам ми рекоа дека треба да се копа, тоа ви го зборувам упорно.

Јакимовски: Ај направете си записник и прекинете.

„Сакам да ве информирам дека по пријава на граѓани за „диво” копање на улицата Букурешка, утрово излегов на терен за лично да се запознаам со ситуацијата. Од одговорното лице на фирмата што го затекнав на лице место побарав дозвола за прекопување на улицата на што ми беше одговорено дека наводно имал одобрение од секторот за урбанизам, но не ми покажа документ. Поради тоа наредив веднаш да прекинат активностите на улицата и да се направи записник. По настанот веднаш ја повикав раководителката на секторот Наташа Ивановска која потврди дека фирмата немала дозвола за сечење на улицата. Сакам да им порачам на граѓаните но и на фирмите кои извршуваат било какви активности на улиците во општина Карпош дека нема да дозволиме заобиколување и непочитување на законите и процедурите за работа. Нема да дозволиме на „диво” да се прекопуваат нови улици, а граѓаните да газат по кал и да ги оштетуваат возилата по раскопани сообраќајници заради лични интереси на поединци. Во општината мора да се врати редот и почитувањето на законите и имам намера тоа да го сторам час поскоро”, напиша Јакимовски на Фејсбук.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ