петок, 1 мај 2026

Истражувањето на ИРИ: Градоначалниците не ги исполнуваат изборните ветувања, граѓаните не учествуваат во локалната самоуправа

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето покажува дека граѓаните главно се незаинтересирани да учествуваат  во локалната власт, а како причина ги наведуваат градоначалниците  за кои сметаат дека се неангажирани и рамнодушни кон гласачите. Граѓаните честопати не се запознаени ни со имињата и работата на општинските советници. Додека мислењето за некои градоначалници е позитивно, мнозинството од оценетите добија мешани или главно негативни критики. Позитивно оценетите градоначалници активно комуницираат, ги одржуваат ветувањата и се достапни за граѓаните.

„Во поголемиот дел општини во Северна Македонија, градоначалниците и општинските советници треба да бидат поодговорни кон нивните гласачи и треба подобро да ги овозможуваат основните услуги и подобро да комуницираат со граѓаните за нивните локални проблеми и потреби“, вели Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа. „Во спротивно, градоначалниците ризикуваат граѓаните уште помалку да учествуваат во локалната власт и да изгубат на  претстојните локални избори“, дополни тој.

Учесниците во истражувањето наведуваат дека незадоволителните градоначалници не дејствуваат според потребите на граѓаните и честопати не ги исполнуваат ветувањата од изборната кампања. Во овие случаи, учесниците сметаат дека локалните лидери се неефикасни, незаинтересирани и понекогаш несоодветни за функцијата која ја извршуваат.

Иако граѓаните имаат мала верба дека Македонија ќе го заврши процесот на пристапување во ЕУ, поддршката за членство во ЕУ останува генерално висока. Учесниците веруваат дека интеграцијата во ЕУ би била од корист за Македонија, би придонела за евентуално зголемување на благосостојбата на граѓаните и за намалување на корупцијата. Сепак, меѓу учесниците постои скептицизам за тоа дали земјата ќе го заврши процесот за пристапување во ЕУ, изразувајќи загриженост за тековниот спор со Бугарија и други домашни прашања.

Квалитативното истражување беше спроведено за Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од агенцијата за истражување на пазарот Брима и се заснова на 21 онлајн дискусија во фокус групи што се одржаа во 18 општини, од 3 март до 9 април. Дискусиите во фокус групи беа спроведени со полнолетни, неопределени гласачи од различни сегменти на населението. Резултатите не ги претставуваат мислењата на сите неопределени гласачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ