четврток, 7 мај 2026

Има траги на кочење на автобусот, возачот не заспал, тврди бугарски тркач со автомобили

Објавено на

часот

Сподели

Во анализата на БНТ тој вели дека на две места има траги од кочење, односно патека на запирање. Првиот пат е пред островчето, односно пред автобусот да удри во првата банкина на островчето. А вториот пат е пред да удри во втората банкина. Според него, возачот не бил заспан. 

На кусо растојание пред местото на несреќата има работи на патот и таму се минува од една лента во друга, а патот е стеснет па, како што вели Дунев, ако возачот почнал да заспива, несреќата ќе се случела таму. 

Дунев тврди дека автобусот се запалил уште пред да ја „однесе” металната банкина. 

Што се однесува до верзијата дека му пукнала гума, ако пукнала гума вели, на асфалтот ќе има траги и од гума и од бандажи. 

„Во моментот кога се искачува на островот, нема траги од бандажот и гумата, што нè наведува да веруваме дека најпрвин дошло до експлозија во автобусот. Потоа возачот почнал да оди прво десно и да ја намалува брзината, бидејќи по сударот автобусот буквално со многу мала брзина тргнал на левата лента и бидејќи бил тежок, ја скршил заштитната ограда и паднал меѓу двете заштитни огради”, објаснува Дунев. 

Од Здружението на настрадани во катастрофи не ја исклучуваат можноста за пренесување гориво, како причина за пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ