четврток, 7 мај 2026

И Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„До Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и неговата програма ‘Концепт 28‘ во која според него, фокус се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани, а програмата ‘Концепт 28‘ нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките“, соопшти СДСМ.

„Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од ‘Кој‘, туку од ‘Како‘ и ‘Каков човек/луѓе‘ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континуитет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година“, стои во програмата на Деспотовски која што е доставена.

Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кое се во согласност со наведените критериуми.

Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, програмите на кандидатите кои ги доставиле во електронска форма се достапни на следниот линк https://sdsm.org.mk/vonredni-vnatrepartiski-izbori.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ