четврток, 7 мај 2026

Хусеини: Не била направена контрола на автобусот на „Беса транс”, не можам со 13 инспектори да контролирам 2.000 фирми

Објавено на

часот

Сподели

„Нема ние што да одговориме зошто не сме го контрирале овој автобус, ние не можеме да ги контролираме сите автобуси. Немаме толку инспектори и за тоа сме алармирале. Мислите ли дека да имаше извод од лиценца, немаше да се случи трагедијата? Контролата не можеме да ја правиме 24 часа на граничните премини. „Беса транс” се меѓународни превозници, а ние во фирмите влегуваме еднаш во 2 години. Има 2.000 фирми, а ние имаме 13 инспектори. Не можеме да вршиме надзор на 2.000 компанија со 13 инспектори. Сто пати сме кажале во секоја годишна програма и ништо не е сторено. И на Министерот за транспорт и врски и на Министерство за финансии сме им побарале кадри, ама ништо”, вели Хусеини.

За тоа дали е точно дека има блиски релации со одговорните на „Беса транс” , Хусеини вели дека се тоа само шпекулации.

„Не е точно дека имам блиски релации со „Беса транс”, јас немам никакви релации, ниту ги познавам. Шпекулации се дека сум барал да се кинат пријави за „Беса транс”.

Додава и дека работат со 25 години стари возила и со нив не може да се врши надзор.

„Не можеме да вршиме надзор и да бидеме ефикасни. Признаваме дека проблеми има, но јас не знам дали ќе дадам оставка. Прво треба Царинската управа да каже зошто му дозволи на овој автобус да помине граница. Често одиме на повик и ако не бараат на терен од таму. Не му е правена контрола на автобусот. Се случи ова и му се одзема лиценцата. Ние не сме криви, ни јас не сум крив што загинале 46 лица. Инспекторатот функционира толку колку што има можностите што ги има”, додава Хусеини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ