недела, 3 мај 2026

Груби: Дојде време орелот да се врати во Арачиново

Објавено на

часот

Сподели

„Колку што можам да видам, Зелената агенда најмногу се вкорени во Арачиново. Млади девојки и момчиња на сцената, на врвот на листата едно младо момче, ова можеби беше незамисливо до вчера, но тоа е резултат на жртвувањето во текот на годините. Без имплементација на Охридскиот договор, немаше да имаме вработени во различни институции од која било друга општина“, рече Груби претставувајќи ја листата на кандидати за советници во оваа општина и кандидатот за градоначалник, Ридван Ибрахими.

„Денес сум овде со соработници за да покажан силно пред вас дека Арачиново и вашиот кандидат имаат поддршка од институциите и ДУИ, за спроведување проекти во корист на граѓаните, за да направат работи во корист на идните генерации. Се соочивме со тешки ситуации, но никогаш не го подигнавме белото знаме и ако мислите дека ДУИ ќе го подигне белото знаме, тоа е многу погрешно, бидејќи потеклото на генетскиот код што го имаме не ни го дозволува тоа и нашето потекло не е едноставно, бидејќи не сме излегле од телевизорите да станеме политичари. Нашата иднина е НАТО, цел што ја реализиравме, ЕУ што ќе ја реализираме наскоро и денес Зелената агенда, младите што ги имаме и ние сме многу решени да ја реализираме како реалност по поглавјата што веќе ги завршивме”, кажа во неговиот говор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Општината Арачиново четири години помина во мрак и ние бевме убедени дека резултатите се само доказ за револтот на населението, а не на решавање на проблемите. На прагот сме да одбележиме ново поглавје кое ќе понуди нови решенија за нашите проблеми, ја добивме вистинската лекција која не научи дека никогаш не треба да изразуваме револт на наша штета. Оваа штета нас не чинеше четири години. За да ја смениме оваа ситуација, барам на 17 октомври да ни дадете поддршка како ДУИ и мене како кандидат “, изјави кандидатот за градоначалник Ибрахими.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ