четврток, 7 мај 2026

Груби: Добрeдојдени се сите партии кои се за евроинтеграција на земјата

Објавено на

часот

Сподели

Не сме разговарале за кадровски прашања или за поделба на ресорите меѓу политичките партии.  рече Груби на прашањето дали по средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алтернатива Африм Гаши се отвориле такви прашања меѓу водечките партии во Владата – СДСМ и ДУИ.

„Вчера имав долг разговор со премиерот Заев за средбата што ја имал со Алтернатива, денеска ќе имаме нова средба во врска со случувањата со новото парламентарно мнозинство. Оценивме дека сите политички партии кои се свесни за важноста на процесот за европска интеграција на Северна Македонија, ќе мора да бидат конструктивни и се добредојдени да станат дел од парламентарното мнозинство. Потребно е земјава да продолжи со реформите и со преговорите со нашиот сосед Бугарија, со цел да се добие датум од Европската Унија”, изјави Груби.

Тој додаде дека не верува дека се можни драматични случувања во земјава

„Убеден сум дека и Гаши, но и Касами и Села, се свесни за значањето на овој момент и случувањата што се превземаат во Брисел во насока на отворањето на преговорите, и дека нема да направат ниеден чекор за да ја загрозат европската иднината на земјата“, нагласи Артан Груби

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ