ДЗС ја понуди оваа можност со цел никој да не биде пропуштен во пописот, а граѓаните да можат „да ја завршат својата граѓанска и законска должност“.
Tоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.
Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.
Пописот официјално започна на 5 септември, а ќе трае до 30 септември.






