среда, 6 мај 2026

Георгиевски: Исплата за поддршка е во тек, СДСМ е со тутунарите

Објавено на

часот

Сподели

Георгиевски рече дека се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од трета и четврта класа.

„Потсетувам дека претходно за тутунарите беа исплатени субвенции во висина од една милијарда и седумстотини илјади денари и заедно со оваа поддршка, Владата за тутунарите, во година на светска здравствена и економска криза, успеа да реализира две милијарди денари финансиски средства. Секогаш кога е потребно, подаваме рака. Верувам дека добро се сеќавате на едно минато време, кога бевте оставени сами на себе, кога трпевте притисоци од режимот и кога моравте вашиот квалитетен тутун да го давате за мизерни цени. Тоа се смени со СДСМ, затоа што сме отворена партија и затоа што водиме грижа за сите“, рече Георгиевски и порача дека СДСМ ќе продолжи со безрезервната грижа за тутунарите и за сите земјоделци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ