Централното претседателство, како што информира, го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.
„Ќе слушнеме каков е нивниот концепт за излез од кризата, дали има волја за заедничка владина програма, и дали актуелните владини партнери имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта. Отсега се зависи од разговорите и од тоа што ќе се договори“, рече Муртезани.
Потоа, како што додаде, конечната одлука за влез во Влада ќе ја донесе Централното собрание на Алтернатива.






