Гаши во интервју за весникот Политика вели дека се преговара со Заев, а ќе се преговара и со идниот мандатар.
„Ако во преговорите видиме дека Заев навистина сака да ја спаси државата од овој ќорсокак, ќе се обидеме да им помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за економска и политичка стабилност”, рече Гаши.
Тој наггласува: „Со нашите четворица пратеници во перидот на ова парламентарно мнозинство, ние сме значаен чинител на политичката сцена. Но, нашата улога стана многу важна со последните настани, кога бројките власт – опозиција не овозможија формирање ниту на ново мнозинство, оттаму ниту на организирање на нови парламентарни избори, ниту пак нормално функционирање на Собранието“.






