среда, 6 мај 2026

Екс градоначаникот Беџети го демантира Касами и најавува тужба за клеветa

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат медиуми на албански јазик, Сади Беџети, кој на првата функција во Тетово беше пред мандатот да го добие Теута Арифи, оценил дека се работи за класична клевета и целосна невистина.

„Јас чесно ја извршував мојата работа во општината и Финансиската полиција не се занимава со мене. Барам Касами јавно да се извини, во спротивно ќе поднесам тужба за клевета. Воедно му порачувам да се информира пред да излегува во јавноста со изјави“, рече Беџети кој на таа функција беше дојден од редовите на ДПА.

Инаку, Касами во изјавата изрази негодување што токму сега влегува Финансиската полиција, а не, како што рече, додека на функцијата градоначалник беше Теута Арифи од редовите на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ