„Македонски телеком се оградува од приватниот став на г-ѓа Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук. Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави г-ѓа Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски телеком“, наведуваат во соопштението.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја осуди изјавата на Шкодране Дардишта, која на нејзиниот фејсбук-профил повика на војна. „ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата“, изјави Ахмети.






