„Членството на земјата во НАТО е главниот успех на оваа Влада. Забрзувањето на процесот на интеграција е врвен приоритет и ние целосно веруваме дека ова е владата што ќе може да го финализира процесот за добивање датум за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.
Демократската партија на Албанците продолжува да биде дел од оваа Влада, давајќи го својот скромен придонес за благосостојба на граѓаните, реформскиот процес и процесот на интегрција на земјата во Европскта Унија“, се вели во партиското соопштение.






