„Јас ја гледам Данела Арсовска како силен и посветен иден градоначалник на Скопје. Која ќе биде способна да ги имплементира неопходните реформи, во насока да обезбеди силен и функционален град, подобра инфраструктура и повеќе локални можности и услуги за сите граѓани. Ова ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите, во системот, и во политиката.
Како претседател на ЕПП Жени, јас ѝ честитам на нашата сестринска партија ВМРО за поддршка на кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.
Ѝ посакувам да го потврди големиот успех, нејзината голема победа во вториот круг на локалните избори на 31 октомври. Се најдобро! Ви стискам палци!“, се вели во нејзината порака.






