четврток, 7 мај 2026

Дојче веле: Автобусот на „Беса транс“ го нема во базата на податоци на Министерството за транспорт

Објавено на

часот

Сподели

Во Министерството за транспорт и врски се уште е во тек анализата на документацијата на превозникот „Беса Транс“, на неговите автобуси како и на пријавените професионални возачи. Досегашните податоци, како што пишува Дојче веле,  покажуваат дека опожарениот автобус воопшто не бил пријавен од страна на сопственикот и не фигурира во системот на Министерството. Сопственикот на агенцијата не извадил извод за лиценца на тоа возило, а автобусот воопшто не е во базата на податоците на Министерството. 

Сѐ уште се проверува дали двајцата возачи кои управувале во автобусот имале сертификат и дали биле пријавени од страна на сопственикот на агенцијата. 

Фирмата „Беса Транс“ имала лиценца за слободен превоз на патници од 2018 година. Согласно законите, секоја фирма која врши слободен превоз е должна да ги пријави возилата кои ќе сообраќаат, како и професионалните возачи кои ќе ги управуваат тие возила. Конкретниот автобус во кој се случи трагедијата, воопшто не бил пријавен. Според досегашните информации, автобусот бил нов и сообраќал во последните три години. 

Истрагата треба да покаже и како автобусот ги минувал меѓудржавните граници доколку немал пријавена лиценца.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ