сабота, 2 мај 2026

Димитров до Захариева: Нема пријава дека дискриминираме Бугари

Објавено на

часот

Сподели

„Какo прво, имаме Комисија против дискриминација. Кога проверив дали има поплаки за овие наводи што доаѓаат од Бугарија дека ние ги дискриминираме граѓаните што сметаат дека се етнички Бугари, до оваа Комисија нема ниту еден доставен приговор против дискриминација. Оттука, тешко ми е да разберам дали ваквите обвинувања, бидејќи ги слушам многу често јавно од бугарските политичари, дали се дел од домашниот контекст или е резултат на меур во кој навистина верувате во такво нешто? Северна Македонија е мултиетничка држава. Во нашиот Устав стои дека етичките заедници се еднакви“, и рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на пратеничката Екатерина Захариева, како одговор на прашање поставено до него.

Потоа Захариева изјави дека е крајно разочарана од незадоволителните одговори на Димитров, поради што сега во форма на реплика, тој својот одговор го „преповтори“ преку Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ