„Последниве години сме сведоци дека останавме без дрвја за сметка на бетонизацијата. Oвие неколку години Скопје доживеа урбан хаос, се градеше на места без долгорочен план и стратегија за иднината. Зеленилото е потреба на секој модерен град, а ние во континуитет го губиме. Нема компромиси кога станува збор за здравјето на граѓаните, нема компромиси наместо зеленило да се градат згради кога Скопје е еден од најзагадените градови. Скопјани имаат само еден парк и тој не е среден како што треба“, изјави Арсовска и додаде дека новите паркови ќе бидат изградени со урбана опрема, спортски зони и пешачки патеки.
„Во рамки на програмата и релизацијата на овој проект за изградба на нови 5 мега паркови секоја година се обврзувам дека градот ќе засадува 100.000 нови садници. Немаме друга опција освен Скопје да стане вистински еколошки и одржлив град. Ако сакаме чист воздух, убава средина за живот и места за рекреација мора да вложиме во нив. Нема повеќе оправдувања и одложувања. Скопје мора да има брзи и сигурни решенија“, рече Арсовска.






