недела, 3 мај 2026

Дали администрацијата ќе работи пократко ќе кажат граѓаните и стручната јавност, вели Заев

Објавено на

часот

Сподели

Заев нагласи дека и неговите очекувања се администрацијата платена од граѓаните да биде поефикасна во работењето, но смета дека е потребна нејзина дополнителна рационализација.

„Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктивност на населението и севкупната продуктивност и ефикасност на администрацијата. Како народ, треба повеќе да работиме, не помалку. Но, како ветување предизборно на политичките партиципиенти во власта, тоа е ставено на ЕНЕР и допрва ќе се отвора дискусија за ова прашање. Верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државата, а реалноста е дека сите ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе – од таа продуктивност што денеска ја имаме, почнувајќи од себе, па секако, до сите работници во приватниот и во јавниот сектор. Вториот дел, ефикасноста на јавната администрација е нешто што е сериозен фокус и мора да биде фокус. Видовме дека целиот систем со 38 отсто на работа луѓе за време на брановите на пандемијата, функционираше. Тоа само по себе кажува дека постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени. Тоа е очекувањето на граѓаните, но кога имате нешто отворено на ЕНЕР, несоодветно е јас како премиер да кажувам кои се очекувањата на граѓаните, туку граѓаните да си ги кажат своите очекувања“, истакна Заев.

Тој додаде и дека кога доаѓаат барањата од граѓаните впишани во одредени програми и мерки, должност и е на Владата да ги претстави пред народот и народот да се изјасни.

„Администрацијата во 2016 година броеше 165.000 лица, а сега тој број изнесува околу 132.000. Најголем дел од администрацијата е во јавните државни или комунални општински претпријатија, без полицијата во униформа, без здравствениот систем на доктори, медицински сестри, болничари и без армијата, некаде околу 15.000 луѓе работат во министерствата, работат многу во енергетските и железничките компании, во патишта и во другите јавни претпријатија, како и во водовод, чистота, во комуналните претпријатија. Треба да направиме дополнителна рационализација на администрацијата. Ние продолжуваме со тој дел“, рече премиерот и потсети дека Законот за фиксно пензионирање стапува во сила од 1 јули 2022 година, а има за цел да постигне намалување на администрацијата за нешто повеќе од 10 проценти.

Некаде, рече, ќе се пополнат местата – учителки, наставници кои треба да држат часови, а некаде – во јавни претпријатија луѓе ќе заминат во пензија без да се пополнат тие испразнети места.

„Една од најкрупните реформи која не очекува, не е само ЕУ, туку и ефикасноста, професионализацијата и експедитивноста на јавната администрација зашто тоа значи подобар економски стандард и подобра економија за сите“, изјави премиерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ