сабота, 2 мај 2026

Бугарија е себична и неодговорна, вели европратеничката Фајон

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за „360 степени“, Фајон инаку, силен поборник за европерспективите на Западен Балкан, признава дека е многу разочарана од однесувањето на Бугарија, а нивниот егоизам или себичност е екстремно погрешен и неодговорен.

„Пред нас е важно време, не е изгубено сѐ, не сакам да бидам песимистична, јас сум реалист, но мора да одиме напред, бидејќи едно нешто за мене е јасно – Западен Балкан отсекогаш е дел од Европа. Го делиме континентот и глобалните предизвици. Си требаме едни на други, за заедно да се бориме и да го одржиме континентот силен и обединет“, изјави Фајон.

Фајон изразува задоволство што Словенија, го стави Западен Балкан меѓу приоритетите од своето шестмесечно претседавање со ЕУ.

„Ја поддржувам амбициозната агенда, што може да биде најдобар можен исход и се надевам дека со помош на сите европски партнери ќе успееме да ги отпочнеме преговорите со Северна Македонија и со Албанија и да го испорачаме тоа што го ветивме пред три години – визна либерализација за Косово. Некако, повторно да се поврзе бизнисот, економијата, контактите меѓу луѓето, да се врати довербата, не само внатре во регионот, туку и во институциите и во ЕУ. Сакам да ги видам пријателите од Западен Балкан како дел од дискусијата за иднината на Европа. Ние се обидуваме да го постигнеме тоа во Брисел, во Европскиот парламент. Дебата со граѓанското општество, со граѓаните е во тек и срамно е да се види дека Западен Балкан не е вклучен“, вели Фајон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ