недела, 3 мај 2026

Бериша: И по три недели совеста им е мирна на одговорните за пожарот во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

 

Според неа, во изборната кампања се вклучлени токму и одговорните, што е доказ дека граѓанинот, како што рече, за овие властодршци претставува само алатка са собирање гласови заради продолжување на векот на нивното неуспешно управување.

„Уште еднаш докажаа дека нивната рака кон граѓанинот се подава само кога треба да им се украде од џебовите или да им се украдат сништата, иднината…
Тоа е неопростливо и треба да се казни“, рече Бериша и нагласи дека токму министерот Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, заедно со директорот на болницата Флорим Бесими, не само што не дадоа оставка туку се и активни во изборната кампања.

„Одат низ населбите, на граѓаните им ветуваат подобар живот, бараат глас за нив за уште еднаш, со нов мандат, граѓаните да ги помножат со нула. Но ние нема да дозволиме рециклирање на измами и нема да ги заборавиме починатите во пожарот“, порача Бериша.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ