„Мене за „стрелањето“ одма ме викнаа у ОЈО. Шкодрана од ДУИ за „војнава“ – јок!?
p.s. По падов на Режимов, прва метла ќе заигра у Обвинителството“, напиша Апасиев.
Неодамна ОЈО отвори предмет за статусот на Апасиев што го објави по влегување во Собранието и кој гласаше: „Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“.

Вечерва на ТВ Сител и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја искоментира изјавата на Дардишта. „Оваа партија живее во минатото и наместо реформирани зелени политики се служат со ваква реторика, додека пак СДСМ и Заев воопшто и не ги ни осудија ваквите закани, а партиските нивни соопштенија се полни со навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и него лично. Таков тип на закани воопшто не би коментирал, освен со згрозување да ги прочитам и да ги заборавам, посебно не би сакал нејзе да ја коментирам затоа што е дама и доаѓа од спротивниот пол имајќи во предвид дека сум човек кој ги почитува жените, а се оквалификувам како човек кој на ваков тип на закани не реагира пријатно, односно таквите создаваат спротивна реакција, така што не би сакал да коментирам нешто кое не враќа назад во минатото, ова се луѓе кои се заглавени во минатото такви им беа и пораките од кампањата“, критикуваше Мицкоски.

Тој вели дека од оваа реформирана партија со зелена агенда очекувал да слушне зелени политики, не „да не дозволиме Македонец да биде градоначалник“, „ние се бориме против ВМРО-ДПМНЕ во Тетово и во Гостивар“, вклучително и за вакви пораки, повик на јуришниците на ДУИ за некаква си војна, а Македонија е членка на НАТО и вакви пораки воопшто не се соодветни, вели Мицкоски. „Не ги слушнав од СДСМ да ја осудат оваа изјава, а денеска колку што можев да прочитам и Али Ахмети ја осуди истата, а Заев и СДСМ не ги слушнав додека пак нивните соопштенија се полни со гнев и навреди кон мене и кон ВМРО-ДПМНЕ, и претпоставувам дека таа политика е таква па затоа доживеа пораз во два наврати на овие избори“, рече Мицкоски.
Денеска ставот на Дардишта го искоментира и генералот Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.






