недела, 3 мај 2026

Андоновски: Големите лаги не можат да бидат покриени со големи слики, огромни паноа на СДСМ на државен објект

Објавено на

часот

Сподели

„Дали ова рекламно пано било понудено на сите политички партии да можат да се рекламираат? Или на државен имот, имотот на граѓаните, право на реклама има само и исклучиво на СДСМ? Нема да дозволиме СДСМ да се однесува како Комунистичката партија на Северна Кореја. Исто како во комунистичките режими низ светот, Петре Шилегов сака да ја покрие сопствената неспособност и неработа поставувајќи огромни слики од кои сите треба да сме воодушевени. Напротив, големите лаги не можат да бидат покриени со големи слики. Оваа агресивност само ја покажува нивната слабост и стравот од пораз. Затоа на овие избори ќе победат граѓаните на Скопје.  За СДСМ доаѓа силен пораз од сите луѓе на Македонија. А за оваа злоупотреба ќе има одговорност. И за оние кои тоа го дозволиле, и за оние кои ги поставиле овие пропагандни реклами. 17-ти октомври е блиску, институциите ќе се ослободат од канџите на власта, а одговорност за ова дивеење ќе има“, изјави Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ