четврток, 30 април 2026

Алијанса/Алтернатива: Владата на СДСМ и ДУИ со еколошкиот данок ќе ги ограбува граѓаните

Објавено на

часот

Сподели

Според коалицијата, од оваа одлука најмногу последици ќе трпат транспортерите/превозниците, а изјавата на премиерот Зоран Заев дека овој данок има за цел да поттикне употреба на тротинети и други еколошки средства е смешна. 

„Што треба да прават превозниците според шефот на Владата и министерот за финансии Фатмир Бесими? Да ја превезуваат стоката со електрични тротинети, или да инвестираат милиони евра за купување на електрични камиони/шлепери? Владата нема одговорено на тоа како ќе се трошат околу 100 милиони евра што ќе се соберат од граѓаните преку еколошкиот данок, во кои еколошки проекти ќе се применат? Или, можеби и овие пари ќе завршат како што завршија големите суми од многуте коруптивни и криминални афери?”, прашуваат од опозициската коалиција.  Оттаму додаваат дека екологијата не може да се заштити со воведување даноци за граѓаните и стопанствениците, а од друга страна да увезува мазут штетен по животот на самите граѓани. 

„Животната средина не се загадува од граѓаните, туку најголемиот загадувач и уништувач е Владата СДСМ-ДУИ и нивните сомнителни бизниси”, велат од коалицијата.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ