„Патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност, исто како и решавањето на прашањата за кои се разговараше во дијалогот без никакво одлагање со претседателот Радев и со новата влада во Софија“, се вели во соопштението и се додава:
„Целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а од друга страна во голема мера би влијаел на безбедноста на земјата како и на регионот. Исто така треба повеќе да се работи за повисок и подобар животен стандард на граѓаните“, кажале на средбата претседателот Ахмети и бугарскиот европратеник, како што информираат од ДУИ.

Двајцата соговорници, се вели на крајот, разговараа и за можноста за одредување датум за првата Меѓувладина конференција во наредните месеци и за почеток на преговорите за членство на почетокот на 2022 година.






